Скопје
Изменет сообраќаен режим низ Скопје поради верскиот празник Водици
Поради манифестациите кои на 19 јануари ќе се одржат по повод верскиот празник Водици, сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени улици во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Хром.
Како што информираат од МВР, во периодот од 10:00 часот па до завршувањето на настаните по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и кеј „13 Ноември“ до булеварот Кочо Рацин.
Во општината Ѓорче Петров од 10:00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот Партизански одреди, десно по улицата Ѓорче Петров, лево по улицата Васил Чакаларов, како и од црквата Свети Пантелејмон по улицата Демир Трајко и лево по улицата Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.
Во општина Аеродром од 10:00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон сeло Лисиче.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“, Дебар Маало добива уредена пешачка и резиденцијална зона
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона.
„Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален јавен простор“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Проектот има за цел уредување на јавниот простор и воведување организиран резидентен паркинг. Реконструкцијата се изведува на вкупна површина од околу 6.000 квадратни метри, на потегот од „Партизански одреди“ до улицата „Никола Тримпаре“.
Во рамки на зафатот се предвидува инсталирање ново улично осветлување, поставување клупи и канти за отпад, како и целосна реконструкција на коловозот и тротоарите со поставување гранитни и травертин плочи.
На дел од улицата се поставува нова водоводна и атмосферска мрежа, додека фекалната канализација е веќе изведена, а каблите на ЕВН се спуштени под земја.

Проектот е изработен во соработка со Архитектонскиот факултет и вклучува уредување на зелените површини, замена на исушените дрвја со нови садници и поставување ниско зеленило, соопшти Општината.
Проектот се финансира со 70% средства од Светска банка, додека преостанатите 30% се покриени од буџетот на општина Центар.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

