Скопје
ИО на Здружението на пензионери на општина Центар му додели признание на градоначалникот Трајановски
Извршниот одбор на Здружението на пензионери на општина Центар, во понеделник на скопскиот градоначалник Коце Трајановски му додели Признание за соработка.
„Градот предвидува средства во Буџетот на Град Скопје кои се наменети за реновирање на одморалиштето во Рекреативниот Центар Катланово и за поддршка на програмски активности на Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје. Градот Скопје во изминатите години има остварено одлична соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје, која се базира на меѓусебен договор и взаемно учество во реализација на разни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите. Соработката продолжува и понатаму и Градот Скопје целосно ја изразува својата поддршка за понатамошната работа на Сојузот“, истакна Трајановски на средбата со пензионерите.
Соработката на Градот Скопје со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје продолжува и понатаму и тоа преку поддршка во организациското јакнење на Сојузот односно поддршка за понатамошната работа на Сојузот и здруженијата кои се негови членки. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.11. до 23.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштува ПОЦ.

