Скопје
Карпош: На улиците фрлени 35 тони сол
Во текот на изминатата вечер во општина Карпош беа фрлени 35 тони сол за полесно топење на снегот и побезбедно движење на граѓаните и сите учесници во сообраќајот, соопшти општината и јави дека и денеска продолжила акцијата на зимските служби за чистење на снегот во Карпош.
„Ангажирани се четири камиони кои главно се концентрирани на расчистување на повисоките места во општината, како Жданец, Трнодол, Средно и Горно Нерези и Бардовци. Дополнително, се чистат и повеќе фреквентни улици: Варшавска (во Тафталиџе 1), Њуделхиска (во УЗ Владо Тасевски), Ловќенска (во Козле) и многу други“, велат од Општина Карпош.
На терен, како што додаваат, активно работат и хигиеничарите кои се дел од комуналните служби на општината. Тие го чистат снегот со соодветна механизација која го олеснува движењето на граѓаните, како и со лопатки и друга опрема за отстранување на снегот од пред градинките, тротоарите, платоата и пешачките зони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Наставниците од Кисела Вода на подготвителни обуки за европски проекти
Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при општина Кисела Вода, денес се одржа обука за наставници од основните училишта на територија на општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти.

Обуката е дел од континуираните активности на општината, насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање современи услови за работа во училиштата, извести Општината.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека вложувањето во обуки за подготовка за европски проекти претставува значајна инвестиција во иднината на образованието.

– Со јакнење на знаењата и компетенциите на наставниците, создаваме основа за поквалитетна, иновативна и современа настава. Овие обуки им овозможуваат на училиштата да се развиваат, да разменуваат искуства и да бидат дел од пошироките европски образовни процеси, што на долг рок носи придобивки и за наставниците и за учениците, нагласи градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.


Македонија
Одбележување на Водици 2026 во општина Илинден
По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден.
„За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2026 (понеделник), во 12:00 часот, заедно да го одбележиме овој голем христијански празник.
Сите заинтересирани учесници, кои сакаат да бидат дел од фаќањето на крстот можат да се пријават во црквата Св. „Константин и Елена“ во населба Илинден.
За најсреќниот учесник кој ќе го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци“, се вели во соопштението на општина Илинден.
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

