Скопје
Кисела Вода го асфалтираше потегот околу црквaта „Свети Спас” во Драчево
Продолжуваат активностите за обнова на инфраструктурата во општина Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид во асфалтирањето на потегот околу црквата „Свети Спас“ во селото Драчево, на површина од околу 1600 квадратни метри, каде претходно се градеше нова водоводна мрежа. Со новата водоводна мрежа се опфатени улиците „Корџевска“, „Мишевска“, „Домазетовска“ и „Чучевска“. Истите ќе бидат асфалтирани откако домаќинствата ќе се приклучат на новоизградениот водовод.

-Денес завршивме со асфалтирање на еден поголем простор околу црквата “Свети Спас” кој поради постоењето на верскиот објект, но и поради тоа што претставува сообраќајно поврзување на неколку други улици, е доста често користен од страна на жителите на Драчево. На повој потег, на површина од 1600 квадратни метри, претходно изградивме подземна инфраструктура, односно нова водоводна мрежа, која ги опфаќа и улиците “Корџевска”, “Мишевска”, “Домазетовска” и “Чучевска”. По завршувањето на активностите поврзани со приклучување на домаќинствата на водоводната мрежа, и овие улици ќе бидат целосно асфалтирани. Ваквиот системски и плански начин на работа, обезбедува квалитетна надземна и подземна инфраструктура, што во минатото било многупати лажно ветувано, додека жителите со децении биле оставани без квалитетна вода за пиење. Воедно, сакам да посочам дека продолжуваме со инвестирање во вакви проекти во целата општина, во сите населби и населени места се до целосно надминување на проблемите недозволиви за постоење во 21-от век, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

