Скопје
Кисела Вода: Граѓаните да аплицираат за субвенции за огревно дрво
Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање дел од трошоците за купување дрва за огрев.
Од денес, па во наредните 5 дена, жителите на општината што набавиле огревно дрво во периодот од 1 април 2023 година може да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен кубен метар (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен просторен метар (1 просторен метар) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 14 просторни метри (14 просторни метри), велат од Општината.
Барањата за субвенционирање и доказот за оствареното купување во форма на потврда, испратница или други документ (фотокопија), кој треба да биде со датум од 1 април 2023 година, се поднесуваат заедно со другата потребната документација во затворен плик преку архивата на Општина Кисела Вода до комисијата за спроведување на постапката.
Целокупната потребна документација и критериумите за добивање субвенции се достапни на општинската веб-страница на следниот линк.
Архивата на Општина Кисела Вода примените барања ќе ги евидентира со точно време на поднесување (датум, час и минута) за воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат и прифаќаат барањата на база прв дојден – прв услужен и сè до исполнувањето на предвидените финансиски средства од 1.200.000,00 денари со вклучен персонален данок.
Јавниот повик ќе трае вкупно пет работни дена сметано со денот на објавувањето.
Општина Кисела Вода преку разни субвенции ги помага своите жители. Покрај субвенциите за огревно дрво, веќе обезбедивме финансиска поддршка и за печки за пелети, за пелети како енергент, за кофинансирање при набавка на термоизолациски материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината, се додава во соопштението на Општина Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

