Скопје
Кисела Вода реконструира четири улици во населбата Драчево
Почна реконструкцијата на улиците Гутенбергова, Волтерова, Марија Кири и Ѓорѓи Војтех во населбата Драчево, извести Општина Кисела Вода.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на почетокот на градежните активности, кои опфаќаат реконструктивни зафати на површина од речиси 2.500 м2. Се работи за сообраќајници изградени по катастрофалниот скопски земјотрес и на кои од тогаш не е интервенирано.

„Денес сме на местото каде што почнуваат почетните градежни активности за реконструкција на четири значајни улици во нашата населба Драчево. Се работи за улиците Гутенбергова, Волтерова, Марија Кири и Ѓорѓи Војтех, улици, кои, за жал, никогаш досега, и по земјотресот, не биле санирани или реконструирани од претходните раководства на Општината. Овој градежен зафат, кој опфаќа околу 2.500 квадратни метри, значи инвестиција во подобра инфраструктура, но и инвестирање во подобар квалитет на живот за нашите граѓани, во безбедноста на нашите деца и во полесен пристап до нашите домови и работни места. Градежната офанзива, која трае во целата општина, во сите месни и урбани заедници, со цел да се запази рамномерниот регионален развој, ќе продолжи со засилена динамика. Нашиот целосно поинаков и подобар начин на работа веќе ги дава своите резултати и набргу моето предизборно ветување – во нашата општина да нема неасфалтирана улица – ќе биде во целост остварено“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





