Контакт

Скопје

Кисела Вода: Свечено отворени „Три круши 2018“, одржана уште една „Коријада“

Објавено пред

Со два одлични концерти на градскиот дувачки оркестар при МКЦ и КУД „Китка“, вчеравечер свечено беше отворено културното лето „Три круши 2018”. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, кој ја поздрави публиката и говореше за курсот по кој ќе се движи годинешната манифестација.

dobivaj vesti na viber

„Ви посакувам добредојде на 13-тото по ред културно лето ‘Три круши’. Низ годините наназад оваа манифестација стана препознатлив белег на општина Кисела Вода бидејќи секое лето тука, во селото Драчево, на Трите круши се собираат љубителите на културата и уметноста, збогатувајќи ја културната понуда на главниот град. Заложбите за развој на културното живеење продолжуваат и во оваа нова веќе 64-та година од постоењето на општина Кисела Вода“, истакна градоначалникот Темелковски. Додаде дека изборот на содржините во програмата е направен така што секој може да најде нешто по свој вкус.

Пред почетокот на музичкиот дел говореше и отец Гоце Димитриевски, од црквата „Св. Спас“, кој упати благослов и им посака здравје, среќа и благосостојба на сите присутни.

Дувачкиот оркестар при МКЦ ѝ понуди на публиката незаборавно доживување. Од сцената на „Три круши” одекнаа светски популарни музички хитови во нивна адаптација. Присутните уживаа во најголемите хитови на ABBA, Europe, хитови како Strangers in the night, но и преработка на „Народе македонски”, како и бразилска самба.

Следеше голем концерт на Културно-уметничкот друштво од Драчево „Китка”. Настапот го почнаа со изведба на нивното традиционално оро „Драчевка”, a потоа следеа „Водарки“, „Тресеница“, „Жетварки“, „Повардарие“ , „Пајдушко – Бувчанско “, „Источна”. КУД „Китка“ од Драчево, кое дава голем придонес за афирмација на македонскиот фолклор и традиција претставувајќи го во најдобро светло ширум светот, уште еднаш доби огромни аплаузи од сите кои одлучија да бидат дел од отворањето на 13-тото издание на оваа манифестација.

Следниот настан од “Три круши 2018” е закажан за во четврток, кога ќе настапат Александар Митевски и DJ FICHO, во петок Дани Димитровска со бенд, а саботата е резервирана за целовечерниот концерт на Миле Кузмановски.

Инаку, на отворањето на културното лето му претходеше уште еден настан кој се одвиваше во попладневните часови. Во паркот Шопен се одржа хуманитарна Коријада, во организација на Општина Кисела Вода, преку Одделението за култура и Здружението на пензионери од општина Кисела Вода, со поддршка од Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода.

Посетителите купуваа од изложените бели печива изработени од активот на жените пензионерки од Кисела Вода, а собраните средства од продажбата се наменети за хумани цели, односно за Црвениот крст кои ќе ги распредели на социјално загрозени лица. Лекарски тим, пак, вршеше бесплатни прегледи и даваше бесплатни лекарски совети. Граѓаните имаа можност да го проверат својот крвен притисок и состојбата на шеќер во крвта.

Пред почетокот на културно-уметничкиот дел во изведба на Здружението на пензионери „Кисела Вода”, свое обраќање имаше и градоначалникот Филип Темелковски, кој ја упати својата благодарност до сите учесници во настанот и потенцираше дека се надева на понатамошна добра соработка.

Скопје

(Видео) Партијата Левица ги поддржа граѓаните: Протест за поништување на ДУП што предвидува висококатница во Лисиче

Објавено пред

Граѓани од скопско Лисиче протестираа пред седиштето на Општина Аеродром, откако на седница на Совет беше изгласан ДУП со кој се предвидува и висококатница во населбата Лисиче. Партијата Левица им даде поддршка на граѓаните, а нивните советници гласаа против спорниот ДУП.

dobivaj vesti na viber

Советникот Горан Костовски од Левица истакна дека се прекршени повеќе процедури, така што ДУП-от за Лисиче ќе биде оспорен. Освен што е ставен вон Деловникот, ДУП-от бил донесен и како „итна точка“, а немало итност, велат од партијата Левица.

– Не помина на Комисија за урбанизам каде јас сум член. И затоа ќе следува претставка. Исто така, по Деловникот на Општина Аеродром, кога се носи ваква „итна“ точка, било кој советник може да побара пауза од неколку часа, доколку сака да спреми амандмани. Меѓутоа, мене тоа деловничко право не ми беше овозможено од претседателот на Советот, Дејан Митески. Дополнително, планот добил и позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски од досегашниот министер Благој Бочварски. Меѓутоа, одобрувањето е ден пред седницата, а министерот е во оставка и не може да одобрува ДУП. Така што, ова ќе се спори и на Уставен суд, посочи Костовски.

Според него, ако се изгради зграда од 12 ката, тогаш Лисиче ќе биде под канџите на градежната мафија, која ќе почне да им ги откупува бараките на локалните староседелци.

„Жителите на Лисиче сакаат да им се зачува карактерот на населбата, кој е со семејни куќи и не сакаат згради, не сакаат дополнителна урбанизација. Сметаат дека со овој ДУП, дополнително ќе се бетонизира населбата, ќе се создаде урбанистички и сообраќаен хаос.

Советниците од Левица најавуваат дека следи кривична пријава за несовесно работење во службата до претседателот на Совет, Дејан Митевски, поради одземање на советничкото право за поднесување амандмани и прекршување на Деловникот.

ДУП-от беше усвоен со 16 гласа „за“ од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат од партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Скопје

Дел од Центар утре без струја

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека утре поради планирани технички интервенции во електро-дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Утре, од 09:00 до 15:00 часот, дел од улицата Даме Груев – Блок 10 згради и деловни објекти во општина Центар ќе бидат без струја.

Прикажи повеќе...

Скопје

Градски паркинг: Од утре започнува летното сметање на работното време на јавните површини за зонско паркирање

Објавено пред

Јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје ги известува граѓаните дека од 01.06.2024 (сабота) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува претпријатието.

dobivaj vesti na viber

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:

– Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

„Исто така, им апелираме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“, додаваат од Градски паркинг.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул

Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“....

Свет2 часа

(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките

И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе:...

Свет3 часа

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Адвокатите на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, изјавија за „Би-Би-Си“ дека ништо нема да се промени во неговата...

Македонија3 часа

Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во...

Свет4 часа

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемијата ќе бидат завршени до 2025 година или порано ако е...

Свет4 часа

(Видео) Кинеската сонда слета на темната страна на Месечината

Сондата лансирана од Кина на почетокот на мај слета на далечната страна на Месечината за да собере примероци. Сондата Chang’e...

Спорт9 часа

Ѓоковиќ и Мусети играа до три сабајле – Светскиот број 1 победи во пет сета

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа спектакуларен меч во третото коло на Ролан Гарос. Мечот траеше четири часа и 29...

Македонија15 часа

Според Села мал е бројот на ресори што ќе ги добие „Влен“, му одговорија дека е губитник, а иднината на албанскиот народ е сигурна

Алијансата на Албанците преводена од Зијадин Села, влезе во вербална расправија за бројот на ресори со кои ќе раководат Албанците...

Македонија17 часа

Бугарските медиуми: Фондација од Бугарија купи две-третини од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп

Две третини од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп купила приватна бугарска фондација „Манол Пејков и пријателите“. Ова...

Свет17 часа

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат...

Македонија18 часа

(Видео) Мечка со мали мечиња излезе на патот во Маврово

На социјалните мрежи се појави видео од мечка со мали мечиња кои излегле на асфалтот во Маврово. Мечката се обидува...

Топ24 часа

Почина скопски таксист: возејќи патник на „Словенечка“ доживеал срцев удар

Таксист во Скопје почина од срцев удар. Се работи за 62-годишен скопјанец со иницијали Ќ.В., кому му се слошило на...

Свет24 часа

„Долга и тешка ноќ“ – Зеленски се огласи по рускиот напад, Полска го коментираше подигањето на авионите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по масовниот воздушен напад утринава од страна на руската армија врз енергетската инфраструктура на Украина,...

Македонија1 ден

Започна полагањето на државната матура

Со тест по мајчин јазик, вкупно 14.834 ученици го започнаа полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година. По овој...

Македонија1 ден

Стоилковски: Дванаесетте директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

ВМРО-ДПМНЕ бара од директорите на Хирургија да кажат колку операции се одбиени, колку пацинети се препратени од Хирургија во овие...

Свет1 ден

Реакции по планот на Бајден за крај на војната во Газа, Хамас е подготвен за разговор

Дел од светските лидери го поздравија новиот мировен план за Појасот Газа што го претстави американскиот претседател Џо Бајден. Хамас...

Свет1 ден

(Видео) Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Руската армија рано утринава нападна енергетски капацитети во пет региони на Украина, објави украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко. Како...

Свет1 ден

По Италија и Белгија не дозволува Украина да го користи нивното оружје за цели во Русија

Белгискиот премиер Александре Де Кроа изјави дека Белгија нема намера да и дозволи на Украина да го користи оружјето што...

Свет1 ден

Шефот на ОН го поддржа планот на Бајден за мир во Газа: „Да завршиме со оваа војна“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поддржа новиот предлог за запирање на војната во Газа, претставен од американскиот...

Македонија1 ден

Претпладне топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните...