Скопје
Кисела Вода спроведе акција за помош на опожарените семејства
Во текот на вчерашниот ден, Општина Кисела Вода, во соработка со „Комунална хигиена“ – Скопје, спроведе акција за изнесување кабаст отпад од опожарените станови на семејствата од зградата на улицата Народни херои и негово транспортирање до Дрисла.
Од Општината информираат дека во акцијата од опожарените станови се исфрли изгорениот материјал – врати, мебел, итн., со што беа собрани четири камиони кабаст отпад.


„Акцијата е продолжување на активностите на Општина Кисела Вода за помош на граѓаните што беа дел од немилиот настан. Имено, веднаш по пожарот, за секојдневно расчистување на изгорениот материјал од становите, беа ангажирани дванаест до петнаесет сезонски работници со соодветна опрема обезбедена од Општината, како заштитни маски, ракавици, работнички костими, чизми, лопати, метли и канти. Отпадот беше пренесуван со камион. До вчера, 25.6.2019 година, собрани се 7.500 тони кабаст отпад.
Дополнително, Општина Кисела Вода на граѓаните од опожарените станови им помага и во делот со сместувањето. Во преговори сме и со повеќе компании од овој дел на градот, кои ќе ја покажат својата општествена одговорност и ќе им помогнат на граѓаните што претрпеа штета кога тие ќе ја достават потребната документација“, велат од Општина Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

