Скопје
„Комбинирај и движи се!“ порачаа најмалите во Аеродром
Општина Аеродром оваа година ја одбележа Европската недела на мобилност заедно со децата од градинките „Бубамара“ и „Срничка“.
Настанот беше посветен на зголемување на јавната свест за заштита на животната средина, придонесот и одговорноста на секој од нас при изборот на превозно средство.
Под мотото „Комбинирај и движи се!“ децата од клоновите „Сонце“ и „Лале“ возеа велосипеди и тротинети, цртаа и учествуваа во разни едукативни активности. Настанот се одржа утрово во паркот „Јане Сандански“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Скопје
Во текот на една недела санкционирани 𝟣𝟥𝟤 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар, соопшти ПОЦ.
Скопје
ЦУК: Ќе се одглавуваат автомобилите што заглавија на патот меѓу Горно Нерези и Средно Водно
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје известува дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возило и апелирале истиот да не се користи поради голомразица.
Вчера на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина за да се интервенира, извести ЦУК.