Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
„ЕВН Македонија“ АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
Во периодот од 12 до 14 часот, корисниците од улиците Мирослав Крлежа и Никола Тримпаре во општина Центар ќе останат без струја.
Електрична енергија ќе немаат и корисниците од улиците Јуриј Гагарин и Васил Ѓоргов во општина Карпош и во општина Центар, во периодот од 9 до 11 часот.
Како што извести ЕВН, во периодот од 9 до 10 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Воин Драшковиќ, Исаија Мажовски, Ибе Паликуќа во општина Ѓорче Петров, во периодот од 9 до 15 часот дел од корисниците на улиците Атинска, Ристо Равановски, Борка Талевски во општина Карпош, во периодот од 8.05 до 15 часот корисниците од селата Мршевци, Бучинци, Грушино, Бујковци во општина Илинден и во општина Арачиново, а во периодот од 11 до 14 часот дел од корисниците од село Бојане во општина Сарај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




