Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Скопје, информира дека денеск,а поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Гази Баба, Сарај, Кисела Вода и Аеродром.
· Од 8 до 15 часот корисниците од улицата Мирослав Крлежа и делови од улиците: Никола Тримпаре, Дебарца, Коста Кирков, Борка Талевски и булеварот Св. Климент Охридски (општина Центар),
· Од 8:30 до 9:30 часот корисниците од улиците: Индира Ганди, Хаџи Јован Шишов и Тиквешка (општина Шуто Оризари),
· Од 8:30 до 11:30 часот корисниците од улиците: Ташко Караџа и Бапчор (општина Гази Баба),
· Од 10 до 12 часот корисниците од с. Крушопек (општина Сарај),
· Од 10 до 14 часот корисниците од дел од улицата Драчевска (општина Кисела Вода),
· Од 12 до 15 часот корисниците од улицата Фрањо Клуз бр. 7 (општина Аеродром).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





