Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја

„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
Во периодот од 8.30 до 12 часот корисниците од улицата Драговити бр. 1, 3, 5, 7, 9 и 11, како и корисниците од улицата Панајот Гиновски бр. 3 и 5 во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 9 до 12 часот дел од корисниците од улицата Ленинова, дел од корисниците од улицата Никола Тримпаре, лоцирани на потегот од грчката амбасада до евангелистичката црква, дел од корисниците од улицата Борка Талески, лоцирани спроти грчката амбасада, како и дел од корисниците од улицата Дебарца, лоцирани на потегот од евангелистичката црква до улицата Ленинова во општина Центар.
Во периодот од 12 до 14 часот корисниците од улицата Жеденска бр. 2, 4, 6, 8 и 10 во општина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Скопје
Пожарот кај хотелот „Њу Стар“ локализиран, ЦУК бара итни мерки за дивата депонија во Визбегово

Пожарот кој избувна во близина на хотелот „Њу Стар“ во скопската населба Визбегово е локализиран, но на терен и понатаму дежураат две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), во денешната интервенција биле ангажирани вкупно седум противпожарни возила и 20 пожарникари. Пожарот зафатил површина од околу 5000 квадратни метри, при што биле опожарени жито, еден магацин со градежни материјали, како и дворот на хотелот.
„Денеска, при повторно разгорување, пожарот се прошири до хотелот „Њу Стар“, како и до околните куќи, со што директно беа загрозени животите на граѓаните“, стои во објавата на ЦУК на Фејсбук.
Оттаму апелираат до сите надлежни институции и локалните самоуправи итно да се вклучат со конкретни чекори и да се стави крај на проблемот со дивите депонии, кои, според нив, претставуваат сериозна опасност по животната средина и јавното здравје.
ЦУК информира дека директорот Мухамед Али денеска испратил ново барање до надлежните институции со цел итно преземање активности за конечно решавање на овој проблем.
„Проблемот со оваа дива депонија трае подолг временски период и претставува реална закана за здравјето, безбедноста и добробитта на граѓаните, како и сериозна оперативна оптовареност за БППЗ, која често е ангажирана на истата локација“, посочуваат од ЦУК.
Оттаму потсетуваат дека во текот на изминатата недела директорот Али повеќекратно испратил официјални барања за интервенција, но засега нема конкретен одговор од надлежните.
Скопје
Град Скопје: Обвинителството го отвори првиот случај за дивоградбите во Чаир

Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава за фалсификати поврзани со градби во Општина Чаир, информираа денеска од Град Скопје.
Според соопштението од прес-службата, истрагата се однесува на сомневања за фалсификување на документи и незаконска легализација, а се поврзува со поранешниот градоначалник на општината, Висар Ганиу.
„Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се водат уште две постапки претходно започнати за Висар Ганиу, првата за фалсификување на целата архивска книга со броеви и барања за легализации, а втората за уште еден случај каде што незаконски се легализирале објекти со соучесник“, стои во соопштението.
Од Град Скопје испратија и повик до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со барање конечно да започне постапка против, како што велат, „организираната криминална банда“ во Чаир.
„Очекуваме и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се одважи и да почне да постапува против организираната криминална банда во општина Чаир, која овозможувала градење незаконски на небезбедни згради со црни пари од нелегални извори“, велат од Град Скопје.
Во реакцијата се посочува и дека некои од лицата кои се појавуваат како сопственици на овие објекти сега се милионери, а официјално се прикажани како градители на зградите уште од пред 5, 6, 10, па и 11 години.