Скопје
Ново детско игралиште кај Зелено пазарче
Општина Центар го заокружи проектот за реконструкција и поставување нови детски игралишта на потегот околу Градски ѕид.
Во овој дел од Центар реконструирани се четири детски игралишта, а три се комплетно нови.
Новото и современо игралиште во весели детски бои има гумен под кој хигиенски лесно се чисти, бидејќи општина Центар особено води сметка за безбедноста на децата. Тие можат да уживаат во убавите и шарени лизгалки, платформи, клацкалки и лулашки.
Овој простор со површина од 8000 м2 околу станбените блокови зад Зелен пазар, на потегот од булевар “11-ти Октомври“ до улица “Македонија“ има комплетно нов изглед.
Наместо исушената, засадена е нова трева, засадени се нови 2300 садници, кои се наводнуваат со автоматски систем, приклучен на хидрантска парковска мрежа.
Паркот ја задржува убавината во текот на целата година, бидејќи го красат листопадни и зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривки.
На локацијата има и 2 зимзелени магнолии со преубави бели цветови, а во текот на овој месец, за поголема разиграност на просторот, ќе се засадат цветни леи со 3000 петунии. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

