Скопје
Нов асфалт на шест улици во Кисела Јабука во Ѓорче Петров
Во завршна фаза е асфалтирањето на три краци на улица „40“ во Кисела Јабука, а уште три нови се во фаза на подготовка што е во вкупна должина од околу 500 метри, или 1.500 квадратни метри асфалтна површина.
Во меѓувреме, Општина Ѓорче Петров во Ново Село заврши асфалтирање и на улица во должина од 50-тина метри, и плус три со бехатон, како и на ул. „52“ во Стопански Двор во должина од 400 метри главен крак и шест помали краци во вкупна должина од 450 метри.

„Новата градежна офанзива што неодамна ја најавив со одлично темпо се реализира во руралниот дел на Ѓорче Петров. Решаваме децениски барања на моите сожители кои повеќе не смеат да бидат ставени на чекање“, рече градоначаланикот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Со новиот градежен зафат, истакна Стојкоски, граѓаните на шест краци во Кисела Јабука конечно ќе добијат добри услови за движење и сообраќање по уличките.
„Ветувањата што ги дадов за „Ѓорче без кал“ не беа зборови напамет, туку искрени заложби дека Ѓорче Петров навистина целосно ќе биде урбанизирано“, додаде Стојкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

