Скопје
Од општина Кисела Вода почна проектот „Итно копче“
Од денес Општина Кисела Вода е првата локална самоуправа што ја имплементира услугата „Итно копче“ во соработка со Црвениот крст. Се работи за аларм уред поставен на белезица, кој на постарите и изнемоштени лица во случај на итна здравствена потреба им овозможува да комуницираат со оператор или да им биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом.
Услугата за почеток е достапна бесплатно за 40 корисници, а тенденцијата е овој број да се зголеми, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, кој му се заблагодари на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, за сите досегашни заеднички проекти.
Презентирајќи го „Итно копче“, информираа дека продолжува и проектот за бесплатен транспорт на овие лица, кој почна од Кисела Вода минатата година.

„Општина Кисела Вода денеска ја почнува новата услуга ‘Итно копче’, наменета за нашите постари и изнемоштени сограѓани. Оваа услуга, која е достапна 24/7, е овозможена преку соработката со Црвениот крст и претставува уште еден чекор напред во нашата посветеност кон грижата за најранливите категории на граѓани. „Итно копче“ е иновативен аларм-уред, кој на нашите сограѓани им овозможува брз и лесен пристап до помош во секое време. Сè што е потребно е да го притиснат копчето на уредот, по што ќе добијат повик од операторот на контакт центарот на ‘Итно копче’. По воспоставувањето на контакт, корисникот ќе ги сподели информациите за своите тегоби, а обученото лице ќе му даде понатамошни насоки. Доколку е потребно, ќе биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом. Општина Кисела Вода и досега беше лидер во обезбедување на услуги за постарите и изнемоштените лица и лицата со посебни потреби. Ние први започнавме со услугата за бесплатен превоз, овозможувајќи им на нашите повозрасни сограѓани транспорт до лекар или до некоја институција за вршење на административни услуги. Оваа услуга продолжува и годинава, но со големо задоволство ја промовираме и новата услуга со бесплатни нараквици со итно копче. За почеток, општина Кисела Вода обезбедува вакви нараквици за 40 корисници, со надеж дека оваа бројка ќе се зголеми во иднина. Се надеваме дека и другите општини, а зошто не и Град Скопје, ќе ја следат оваа траекторија и ќе се приклучат кон обезбедувањето на подобри услови за граѓаните. Нашата мисија е да обезбедиме безбедност, грижа и поддршка за сите наши сограѓани, а „Итно копче“ е уште еден значаен чекор во остварувањето на таа мисија“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Саит Саити, истакна дека со овој проект се надградува досегашната одлична соработка со Општина Кисела Вода за корисниците од овој дел на градот.

„Примерот со Општина Кисела Вода е пример за следење, типичен пример за грижа за сопственото население за имплементација на улогата на градоначалникот. Црвениот крст дава поддршка на градоначалниците, на институциите на системот за тоа како да ги подобрат социјалните политики. Се надевам дека истиот ќе биде следен од останатите градоначалници и од другите институции. Ова за Црвениот крст е само почеток, сега за сега ги покриваме општините во Скопје, со тенденција во наредните година, две да се прошириме и во поголемите градови во нашата земја. Засега ова услуга ја користат 100 лица. Со договорите што ги правиме, денес почнуваме со Општина Кисела Вода, како прва, а интерес пројавија и други градоначалници, би биле задоволни ако стигнеме до бројката на 1.000 корисници, со тенденција да ги покриеме сите граѓани кои имаат ваква потреба, изјави Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Саит Саити
Петранка Димишкова, која веќе 33 години е дијабетичар, е првиот корисник што денес преку уредот поставен на раката бесплатно ја искористи услугата. Досега во општина Кисела Вода седум лица го користеле ова „итно копче“, но за тоа плаќале. Од денес, и за нив и за другите, засега вкупно 40, услугата ќе ја покрива Општина Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

