Скопје
ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Тотален хаос на улицата 50. дивизија
„Негрижата и незнаењето на Горан Герасимовски постојано создава проблеми за центарци! Најнов пример е сообраќајната катастрофа како резултат на необележани улици, не поставување соодветна сигнализација и невоведување резидентно паркирање. Сево ова прави на 50та Дивизија автомобилите да не можат да се разминат, а жителите да се приморани да паркираат по тротоари“, велат од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, оваа улица не е исклучок. Кадрите на СДСМ со години ја уништуваат општината, а центарци со соочуваат со супстандардни услови за живот. Хигиена на најниско ниво и урбана опрема која ја има само во ветувањата на власта.
Редно е градоначалникот Герасимовски конечно да излезе од канцеларија, лично да им се извини и да им одговори на центарци, дали не сака или едноставно е неспособен да се справи со проблемите!“, се наведува во соопштението на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 12 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

