Скопје
Гази Баба доделува субвенции за инвертер-уреди
Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди.
За јавниот повик, информираше градоначалникот на општина Гази Баба на својата официјална страна на фејсбук.
„Ве информирам дека е објавен јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за набавка на инвертер клима уреди. Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди, но не повеќе од 30.000,00 денари.
Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2024 година.
Ќе бидат надоместувани дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2024 година од денот на објавување на овој јавен повик.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2024 година, односно се до исцрпување на финансиски средства. Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат“, напиша Стефковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.

