Скопје
Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за секое урбанистичко зло во Центар
„ВМРО-ДПМНЕ е последна која што било треба да кажува на тема урбанизација во Центар. Она што денес е општината на урбанистички план е последица на нивното дивеење, криминал и алчност, а граѓаните добро паметат кој и како работел за општината. Општина Центар и актуелното раководство се пример за транспарентно работење, особено во делот за урбанизмот. Ниту педа државно земјиште не е отуѓено, ни злоупотребено, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, и се гради по пропис и закон. Сите нови ДУП-ови што се донесени се скроени исклучиво во интерес на граѓаните, со зголемени зелени површини и намалени габарити на зградите, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го правеше целосно обратно. Општината денес е вистински сервис на граѓаните и нивните потреби работејќи транспарентно во согласност со законите“, реагира Општина Центар на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Градоначалникот Герасимовски во својот мандат има иницијативи за справување со урбанистичкиот хаос наследен од ВМРО-ДПМНЕ, како иницијативата, со која, наместо 30 % од сопственост за дооформување земјиште, ќе бидат потребни 70 % сопственост и иницијативата за конфискација на дивоградбите.
Вакви политики во времето на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ е партија што си носеше ДУП-ови од ракав, онакви какви што само ним им одговараше, па и покрај протестите на граѓаните, тие си ги донесуваа во сила. За ВМРО-ДПМНЕ, Општината секогаш била и ќе биде сервис на партијата и плодна почва за богатење на алчните партиски челници. Центарци нема да подлегнат на овие манипулации од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи добро се сеќаваат кој им носеше гласачи од Пустец само за да се приграбат до некоја зграда повеќе за свои потреби“, се додава во реакцијата на Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

