Скопје
Општина Центар им додели парична помош и производи на 100 семејства со принова
Сто семејства од општина Центар добија решенија за остварување на правото за користење еднократна парична помош за новороденче.
Средствата во висина од 7.000 денари Општина Центар ги доделува како првична поддршка на родителите кои се жители на општина Центар и имаат принова во семејството.
На настанот присуствуваа и претставници на компании и здруженија со кои Општина Центар потпиша меморандум за соработка, а со кој се официјализира придонесот на компаниите во овој општестевно одговорен проект.
Меморандумот за соработка беше потпишан со „Еурофарм“, „Веледа“, „Женски центар Астарта“ и Банката за храна, кои во оваа пригода поделија производи и услуги на семејствата со принова. Фармацевтската компанија „Еурофарм“ додели вредносни ваучери во износ од 1.000 денари, „Веледа“ додели пакети со производи со органска козметика за бебиња, „Женски центар Астарта“ – бесплатни часови за јога и совети за доење на новороденчињата, а Банката за храна обезбеди кашички за бебе.
Во согласност со правилникот за добивање парична помош за новороденче, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во општина Центар, фотокопија од извод од Матичната книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

