Скопје
Општина Ѓорче Петров и Црвениот крст со акција за делење пакувана вода во централниот парк

Општина Ѓорче Петров и волонтери од Црвениот крст во паркот во Ѓорче Петров спроведоа акција за делење флаширана вода за граѓаните, поради високите температури што ја зафатија земјата.
-Високите температури се опасни по здравјето на сите граѓани, особено на повозрасните. Наш мал придонес во борба со црвениот температурен аларм е акцијата која ја спроведовме со Црвениот крст за бесплатно делење шишиња со вода во паркот во Ѓорче Петров, информираше градоначалникот Александар Стојкоски, кој присуствуваше на терен со волонтерите.
Тој истакна дека волонтери на Црвениот крст и деновиве ќе се движат низ Ѓорче Петров со цел да им се понуди помош на граѓаните.
-Препораките од Владата се јасни, апелирам да се сфатат сериозно и да се почитуваат. Пијте многу течности, особено вода и излегувајте само по потреба, и не во часовите меѓу 11 и 17 часот. Ние како одговорна локална самоуправа и натаму ќе ја следиме состојбата со високите температури и ќе делуваме по потреба, додаде Стојкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)