Скопје
Отворена младинска канцеларија во општина Илинден
Во просториите на Домот на културата во Марино, денеска беше отворена младинска канцеларија, која има цел подобрување на квалитетот на животот на младите.
На отворањето на младинската канцеларија, покрај младите од општина Илинден, присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, при што на младите им посака успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики, соопшти Општина Илинден.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека отворањето на оваа младинска канцеларија е во насока на поддршка на волонтерството, заштита на животната средина, проактивна вклученост на младите во културните случувања и процеси и изнаоѓање форми за што поголема вклученост на младите во спортот, олеснување на преминот на младите од образование кон пазарот на труд и мотивирање за нивно стручно надградување.
Младинската канцеларија им е на располагање на граѓанските организации и младите за да креираат програми и активности во насока на вклучување и информирање на младите луѓе.
Учеството на младите во креирањето на младинските политики во општината е важно тело во застапувањето на младите и нивните интереси преку зајакнување на нивниот развој во идни успешни граѓани и професионалци, се додава во соопштението на Општина Илинден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





