Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Аеродром, Кисела Вода и Студеничани денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците дел од викендица во населба Морани (општина Студеничани)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од ул.АРХ-Сатир Томовски (општина Аеродром )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел околу ул. Ѓорѓи Андреевски Кун бр. 26 (општина Аеродром )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од ул.Ѓоро Малешевец (општина Кисела Вода )
Македонија
Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба

Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.
„Во општината Чаир е повторно интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик.
Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Народен фронт.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром се подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постројка на автобусот бр.50“, соопштуваат од Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надоместок за градинка во општина Аеродром

Општина Аеродром извести дека ги ослободува од плаќање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.
Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница со што се ослободуват од плакање следните категории:
– „Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на едно дете“;
– Самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата;
– Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи;
– Двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата;
– Родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата;
„Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.
Општина Аеродром во континуитет се грижи за најмалите жители и за нивните семејства и ќе продолжи како и досега да донесува вакви и слични одлуки со кои сите деца ќе добијат еднакви услови за правилен раст и развој, како и еднаков пристап до воспитно-образовните процеси“, соопштуваат од општината.