Скопје
Поставен еколошки билборд во центарот на Скопје
Еколошки билборд – комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза, заедно функционираат и придонесуваат за прочистување на амбиентниот воздух, беше поставен во центарот на Скопје.
Билбордот е подарок од Германската амбасада и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“.
„Сакам да изразам благодарност до Германската амбасада и до „Еко-свест“ за оваа донација чија главна функција е да се подигне јавната свест и грижата за животната средина, да предупреди на опасностите од климатските промени и да потсети на важноста секој од нас да придонесе за почиста и поздрава околина. Градот Скопје е отворен и ги поддржува иновативните проекти во различни општествени сфери, а особено во областа на заштитата на животната средина. Се надевам дека овој еколошки билборд нема да биде единствен во нашиот град“, рече Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.
Амбасадорката на Германија Кристина Алтхаузер нагласи дека климатските прашања ги надминуваат границите на државите.
„Прашањата поврзани со заштитата на животната средина се приоритет во Германија. Нашата влада многу посветено работи на овие теми, а поттикнува активности за заштита на средината и во странство. Ми претставува задоволство што реализацијата на овој проект е резултат на партнерство, на симбиоза, исто како што функционира и билбордот „City Tree“ од кој корист ќе имаат граѓаните на Скопје“, изјави амбасадорката Алтхаузер.
Еколошкиот билборд, како што објасни Ана Чоловиќ Лешоска, од „Еко-свест“, претставува комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза со моќ да апсорбираат штетни честички од воздухот (NО2, CО2 и цврсти честички со големина од 10 и 2,5 микрометри). Билбордот има ефект на филтрирање воздух како 275 дрвја, годишно. City Tree е одржлива инсталација со систем за наводнување, зафаќање на дождовницата и соларен панел.
Ваков билборд вчера беше поставен и во Тетово. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

