Скопје
Презентиран прирачникот за развој на вештини за вработување на младите карпошани
Претставници од невладината организација ТАКТ денеска во просториите на гимназијата „Никола Карев“ во Карпош 3, одржаа низа работилници со ученици од различни возрасни групи, при што го презентираа и прирачникот кој е креиран за потребите на проектот „Млади и вработување – Развој на вештини за вработување на младите во општина Карпош“.
Станува збор за проект којшто го реализира невладината ТАКТ со поддршка на Општина Карпош, а истиот има за цел да ги едуцира младите карпошани да развијат стручни вештини, кои потоа ќе им помогнат при процесот на вработување. Вредно за напоменување е дека овој проект е особено фокусиран кон младите карпошани кои се припадници на одредени маргинализирани групи, а исто така е насочен кон развојот на вештини на младите девојки кои живеат во Карпош. Наскоро, прирачникот ќе биде достапен на официјалната веб страница на невладината ТАКТ, како и на нивните профили на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Македонија
(Фото) Општина Илинден: Асфалтирана улицата 30 во населбата Илинден
Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, општина Илинден изврши целосната реконструкција на улицата „30“ во населбата Илинден, во м.в. Плац. Станува збор за сообраќајница долга 600 метри и широка 4 метри, којашто доби целосно обновен и современ изглед, извести Општината.

Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во завршните активности и истакна дека реконструкцијата била неопходна поради оштетувањата настанати за време на изградбата на примарната мрежа на фекална канализација. Тој посочи дека оваа улица има особено значење за жителите од овој дел на општината, но и за непречено одвивање на сообраќајот на сите граѓани.

Градоначалникот нагласи дека Општина Илинден континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, бидејќи тоа претставува клучен фактор за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани, соопштуваат од Општина.

Реконструкцијата е целосно финансирана од буџетот на Општина Илинден, а во наредниот период ќе продолжат активностите за унапредување на патната инфраструктура и во останатите делови од општината, се додава во соопштението.

