Скопје
Над 1.000 садници денес засадени во парковите во општина Кисела Вода
Над 1.000 садници денес, по повод Денот на пролетта, се садат во Кисела Вода. Багреми, туи, цреши, брези и сливи ќе бидат засадени во парковите „Оксиген“, „Феникс“, во Усје кај крстот, во Пинтија, каде што се гради нов плоштад, во Расадник, извести Општина Кисела Вода.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски од утрово е во паркот што се гради до улицата Пушкинова. Таму, на површина од речиси 1.100 м2, ќе има детско игралиште со современи реквизити за игра, урбана опрема, опкружени со парковско зеленило и надополнети со дрвца, кои токму денес ќе бидат засадени. Во тимот што денес пошумува е и Стефан, лицето со Даунов синдром, вработено во Општина Кисела Вода. Работно и со дружба во Кисела Вода се одбележува и денешниот 21 Март, Светски ден на лицата со Даунов синдром.

„Пролетта ја пречекуваме со акција за пошумување, која се одвива во парковите во општина Кисела Вода, на тој начин зголемувајќи го процентот на зеленило во сите населби и населени места. Во оваа насока сакам да истакнам дека најголемиот дел од овие паркови и рекреативни центри, 15 на број, се изградени токму во овие две години. Некои од нив, како што е овој, на улицата Пушкинова, се во завршна фаза. Денес засадуваме над 1.000 дрвца, а парлелно еколошката акција се одвива и во нашите основни училишта. Исто така, сакам да назначам дека многу ме радува што во тимот што денес сади со мене е нашиот Стефан, кој како прво лице со Даунов синдром вработено во која било општина повеќе од една година успешно работи во Кисела Вода. Денес, кога овие лица го одбележуваат својот ден, сакам да упатам јасна порака дека лицата со Даунов синдром не смее да бидат маргинализирани, дека заслужуваат шанса да работат и дa придонесуваат за доброто на општеството. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник и понатаму ќе продолжиме да работиме на постигнување целосна инклузивност и на овие и на лицата со друг вид попреченост преку отворање дневни центри, градинки и овозможување пристапност на локациите за лицата со попреченост“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





