Скопје
Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП

Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот, односно 40 милиони денари.
„Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа само по една тура, сега се активираат од гаражите за да почнат да возат и да ги опслужуваме граѓаните на Град Скопје“, кажа Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1.
Тој посочи дека веќе има некои разговори и за цената на километарот и повика тоа да биде разговарано на следната седница на Советот на Град Скопје.
„Очекуваме на првата седница на Град Скопје да биде ставена како точка на дневен ред. Советниците на Град Скопје ќе мора да одлучат дали ќе ги прифатат нашите барања за километарот да биде рентабилен и да можеме во иднина да го обновиме возниот парк и да ги плаќаме шоферите со подобра плата за да не ни бегаат“, рече Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
(Фото) Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на свеченото отворање на 41-те Маџирмаалски средби

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на свеченото отворање на 41-те Маџирмаалски средби. На покана на организаторот, заедно со градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски проследија дел од наптреварите кои традиционално, веќе 41 година се одржуваат во ова познато скопско маало.
– Маџир Маало е едно од најстарите скопски маала, култно место од кое зрачи посебна хемија. Овде се чувствува Скопје во својот полн сјај. Огромна е мојата чест што бев поканет да присуствувам на 41-те Маџирмаалски средби, заедно со колегата Горан Герасимовски, кои речиси половина век успешно се организираат. Посакувам уште долги години да траат, да се организираат овие средби кои ја чуваат традицијатата и духот на Скопје. Честа беше моја, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска дел од општина Сарај

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе остане дел од општината Сарај.
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од село Сарај – пат за Лубин, кај Џамијата во општина Сарај ќе бидат без струја.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач ф 50 мм на улицата Радика број 1, без вода ќе останат корисниците од улицата Радика во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.