Скопје
Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар за решавање на проблемите во интерес на граѓаните
На иницијатива на раководството на СВР Скопје, денеска во општина Центар се одржа работна средба на началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.
Како што соопшти МВР, целта на средбата било заедничко делување во решавањето на актуелните проблеми во општина Центар, како што се проблемите во сообраќајот во општината, посебно во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, гласната музика од угостителските објекти до доцните часови, која го нарушува мирот на граѓаните, уништувањето на урбаната опрема во парковите итн.
Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски на средбата ја изрази цврстата одлучност на Министерството за внатрешни работи со своето делување да се воспостави посакуваниот ред, мир и спокој на граѓаните од општина Центар.
Беа договорени повеќе чекори со кои заеднички ќе се делува да се остварат планираните цели.

Во делот на сообраќајот и непрописното паркирање, Министерството за внатрешни работи ќе почне со засилени контроли низ општината, а за најкритичните места, како познатите дискотеки и локали, предвидено е пајак службата да почне да делува и во трета смена, посебно во деновите пред и за време на викенд.
Во Дебар Маало, Капиштец и централното градско подрачје, ќе се делува заеднички со посебни сообраќајни режими и како превентивни така и репресивни акции на полицијата, со зголемена фреквенција и присуство на терен.
МВР заедно со општинските инспекциски служби ќе делува засилено и во делот на гласната музика, почитувањето на работното време, како и други редовни акции од надлежност на министерството.
За вандалските чинови што на неколку пати се утврдени во неколку од парковите во Капиштец, министерството по добиените сознанија веќе постапува и извршителите кои ќе бидат идентификувани ќе добијат соодветни пријави.
СВР Скопје ќе ги засилува сите свои ангажмани со цел исполнување на стратешките цели на новото раководство на министерството, а тоа е засилена борба со сите видови криминал и корупција и обезбедување на поголемо ниво на безбедност и спокој за сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





