Скопје
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на Општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на Советот. Светлана Колариќ која доаѓа од редовите на ВМРО ДПМЕ денес, со мнозинство гласови беше избрана да ја извршува оваа функција, на која доаѓа откако досегашниот Претседател Иван Живковски на неодамна одржаните избори, доби пратеничко место во Собранието на Република Македонија.
Новиот Претседател на Советот на општина Кисела Вода, Светлана Колариќ се заблагодари за довербата, како и на сега веќе, пратеникот Живковски за целиот ангажман и успешна работа. Во своето прво обраќање го поздрави градоначалникот Ѓорѓиевски и истакна дека во својот мандат ќе продолжи да работи согласно законите и во интерес на жителите на Општина Кисела Вода, поддржувајќи ги добрите идеи и проекти на градоначалникот кои и досега ја трасираа Кисела Вода како една од најуспешните општини.

-Нашата соработка ќе се темели врз обврките пропишани во законите и подзаконските акти, со акцент врз Законот за окална самоуправа и статутот на оштината. Нашата цел е заедничка и единствена, како и досега, да спроведуваме одговорни политики, работејќи трнспарентно и исклуиво во интерес на жителите на општина Кисел Вода-исткна новиот Претседател на Советот на Општината Светлана Колариќ.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и’ ја честиташе нова позиција, му се заблагодари и на досегашниот Претседател на Советот Иван Живковски, како и на новоизбраниот советник кој доаѓа на неговото место, Драган Василевски.
„Честитки за изборот на новиот претседател на Советот на општина Кисела Вода, Светлана Колариќ. Силно сум убеден дека со преземањето на обврската и своето долгогодишно искуство ќе придонесе во развојот на општината, ќе биде прва меѓу еднаквите и ќе ја оправда довербата која ѝ е дадена. Нашата меѓусебна соработка ќе продолжи исто како со досегашниот претседател, а сега пратеник во Собранието на Република Македонија Иван Живковски, за што му честитам и искрено му се заблагодарувам за неговата работа, предлози и одлуки кои беа само и само во интерес на граѓаните. Иван, ти благодарам што нивото на Советот го крена на едно високо ниво. Воедно му честитам на новиот советник во Советот, Драган Василевски, кој доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ и му посакувам понатамошна успешна работа. Продолжуваме понатаму, заедно да ја испишеме новата приказна за нашата Кисела Вода“, изјави градначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

