Скопје
„Сѐ што треба Мицкоски да направи за да го деблокира Градот е да им испрати СМС-порака на своите експоненти“, велат од Град Скопје

„Мицкоски нема кредибилитет да зборува за кадровска политика. Особено не откако назначи бивш затвореник за заменик-директор на затвор. Или кога назначи главен ревизор за ЕУ-фондови, па го разреши за неколку дена. Мицкоски нема кредибилитет да зборува за ветувања, особено не откако го призна преспанскиот договор за реалност иако три години ветуваше дека кога ќе дојде на власт, ќе го врати името“, соопштуваат од Град Скопје.
„Мицкоски повеќе од 2 години е власт во Град Скопје, а сега и во Македонија, затоа наместо да нарачува и да се крие зад партиски соопштенија полни со клевети, уште еднаш го повикуваме да престане со две и полгодишната деструктивна политика на целосна блокада на главниот град преку неговите управни одбори и советниците. Ако толку се грижи за градот и за скопјани, на следниот совет, наредбата, наместо да се блокира, да биде да гласаат за спроведување на проектите што Арсовска и Мицкоски заедно ги ветија на граѓаните.
Мицкоски можеше и сѐ уште може, ако сака, да им овозможи на скопјани нови автобуси, нови контејнери, нови машини за собирање смет, повеќе комунални работници, нови зелени површини. Сѐ што треба да направи за да го деблокира Градот е да испрати СМС-порака на своите експоненти во Градот од денес да работат во корист на граѓаните, а не на партијата.
И за крај, Владата четврта година по ред ја нема платено обврската кон ЈСП за студентскиот стандард. Наместо тоа, еве сега има можност да плати рата за автобусите на Шилегов за кои ВМРО-ДПМНЕ гласаше тој да ги набави“, се додава во соопштението на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)