Скопје
Скопје: „Пајакот“ кренал 64 возила
Во текот на изминатиoт ден, 1 октомври, пајак-службата отстранила 64 непрописно паркирани возила во Скопје, соопшти МВР.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и шест со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и осум со лесни телесни повреди. 27 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената.
Од сообраќај исклучени се 17 возачи бидејќи 14 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и еден го управувал возилото под дејство на алкохол. 19 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 17 биле нерегистрирани и две технички неисправни. Санкциониран е и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престроил и еден неправилно престигнувал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

