Скопје
Славески: Арсовска бега од советнички прашања, две недели не дала одговор кој термин и одговора за закажување на седницата
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната седница на советот на крајот од седница по исцрпениот дневен ред ја информираше јавноста дека иако пред две недели до градоначалничката Данела Арсовска испратил писмо со кое ја известува дека планира да закаже редовна седница за поставување на советнички прашања во месец октомври и самата таа да одбере термин, се уште нема одговор.
„Само една информација, на 19 септември, пред точно 2 недели, како што спомнав испратив писмо до градоначалникот на Град Скопје со следната содржина: Почитувана, ве известувам дека планирам да закажам редовна седница на Советот на Град Скопје посветена на поставување на советнички прашања во текот на месец октомври. Како можни термини за одржување на седницата се 12 и 19 октомври 2023 година. Ве молиме да ни посочите еден од наведените термини и денови за одржување на седницата на Советот на Град Скопје за поставување на советнички прашања, на која ќе биде во можност да присуствува и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. До овој момент немам одговор на ова барање што мислам дека не е коректно. Може да се одговори со „да“ или „не“, или да се посочи некој друг термин“, рече Славески.
Славески посочи дека според статут и деловник за работа на Град Скопје мора да се одржи седница за советнички прашања.
„Ова не е коректно, и 2 недели немам одговор на она кое што е предвидено и во статут и деловник за закажување на седница за поставување на советнички прашања“, истакна Славески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

