Скопје
Славески до Арсовска: Доколку биде доставена предлог-Одлука со која од буџетот на Град Скопје би се донирале средства за Леонид ќе закажам вонредна седница
Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и одговори на градоначалничката Данела Арсовска на барањето за вонредна седница на Совет на Град Скопје околу случајот со рехабилитацијата на Леонид Индов.
Мојот одговор до градоначалникот Арсовска на барањето вонредна седница на Совет на град Скопје околу случајот со рехабилитацијата на Леонид Индов:
ПРЕДМЕТ: Одговор, ваш допис допис бр. 27-2143/1 од 22.02.2024 год.
Почитувана,
Во врска со вашиот допис бр.27-2143/1 од… pic.twitter.com/onejoK9rXb
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) February 22, 2024
„Во врска со вашиот допис бр.27-2143/1 од 22.02.2024 година со барање за свикување вонредна седница на Совет на град Скопје, со единствена точка на дневен ред: „Да му помогнеме на младиот Леонид Индов – да ја обезбедиме потребната помош за лекувањето на леонид Индов“, Ве известувам за следното:
1. Вашето барање за свикување итна седница е воедно ваша „инцијатива за донесување на одлука со која советниците ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од Градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид“.
2. За поздравување е хуманитарната акција организирана од Град Скопје и се надевам дека вашиот личен пример за донирање на една месечна нaплата ќе го следат и други субјекти од Градот и институциите во негова надлежност, вклучително и членови на Совет.
3. Сепак, должен сум да Ве информирам дека Совет на град Скопје не може да донесе одлука со која би ве задолжил Вам како градоначалник или советниците за донирање средства за споменатата намена.
4. Совет на град Скопје може единствено да расправа и да донесе одлука за донирање средства од Буџет на град Скопје, утврдени за соодветната намена.
5. Доколку биде доставена таква предлог-Одлука со која од Буџет на град Скопје би се донирале средства за помош при рехабилитацијата на Леонид Индов, како Претседател на Совет на град Скопје ќе закажам вонредна седница во рокот утврден со Закон и Статут“, напиша Славески на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Фантастична предновогодишна вечер на Боемска, центарци со позитивна енергија влегуваат во 2026
Со предновогодишната забава „Вечер под ѕвездите“, општина Центар симболично ја заокружи 2025 година и посака добредојде на Новата година.
Боемска улица синоќа беше преполна со расположени и весели скопјани кои се препуштија на празничната атмосфера, подготвена специјално за нив.

Уште на самиот почеток, вештите акробати и жонглери во ритамот на диско музиката на ди-џеј Александар Јорданов ги воодушевија посетителите со своите трикови и мајсторски точки, известуваат од Општината

Вечерта кулминираше со настапите на „Brass Brothers“ и „Либеро бенд“, чија енергична изведба на популарните хитови ја разигра публиката, која, и покрај студеното време, остана насмеана и во добро расположение.
На присутните им се обрати и градоначалникот Горан Герасимовски, посакувајќи им здравје, среќа и весели моменти во следната година.

„Ова беше навистина фантастична забава! Ви посакувам и во 2026 година да ве следи оваа иста позитивна енергија која вечерва заедно ја споделивме“, порача Герасимовски.

Вечерта заврши со спектакуларен огномет, кој ја најави магијата на претстојните празници.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)

