Скопје
Славески ќе ја тужи Арсовска: ме обвини за фалсификување потписи и ја отру работната атмосфера на седницата
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, најави тужба за клевета против градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
Арсовска за време на денешната итна седница на Советот на Град Скопје го обвини Славески за фалсификување потписи.
„Таа ќе добие тужба за клевета затоа што јас не сум фалсификувал потписи, јас не можам да фалсификувам мој потпис. Мој потпис е ставен на гласање ЗА за две советнички што ги вклучивме онлајн на седница на Советот, едната поради патолошка бременост, другата поради лекување од рак. Тоа е тешко обвинение за фалсификат. Јас ги имам списоците, имам копија со знаење на сите тука, на службите, јас имам потпишано со ЗА до нивните имиња, јас не можам да го фалисикувам мојот потпис“, рече Славески.
Славески заклучи дека градоначалничката Арсовска не придонела во работата на Советот, туку држела политички говор.
„Ја отрувте атмосферата со политички говор, подобро да не дојдевте, тука се работеше“, рече Славески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

