Скопје
Стефковски: Гази Баба ќе засади нови 5.000 дрвја по повод Денот на пролетта
Општина Гази Баба започна со реализација на предвидените активности по пводо 21 Март, денот на пролетта во чии рамки ќе се засадат 5000 нови дрва на територија на општина Гази Баба.
Првата активност се одржа на просторот околу спортскиот терен Солидарност во Инџиково каде што се засадија 150 нови садници кои се донација од финансиското друштво Иуте Македонија, велат од општината.
За настанот, градоначалникот Бобан Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук.
„Засадени 150 садници дрва за зазеленување на просторот околу спортскиот терен Солидарност во населеното место Инџиково.
Заедно со дечињата од СОС Детското село и преставници на финансиското друштво Иуте Македонија засадивме 150 нови садници дрва на просторот околу спортскиот терен Солидарност во близина на Детското село.
Секое дете кое е згрижено во СОС Детско село доби свое дрво за кое во иднина ќе се грижи! Засадените 150 садници дрва се донација од финансиското друштво Иуте Македонија.
Со оваа реализирана активност како локална самоуправа започнуваме со предвидените активности кои ќе ги реализираме во пресрет на 21 Март, Денот на пролетта во чии рамки ќе се засадат нови 5000 садници на територија на целата општина.
Заштитата на животната средина останува на врвот на приоритетите на мојот мандат, а доказ за тоа се реализираните проекти во оваа област“, напиша Стефковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

