Скопје
Стефковски: Од денес наставата во Гази Баба почнува со химната на Македонија
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово беше во посета на ООУ „Кирил и Методиј“ во населеното место Стајковци, каде што наставата почна со интонација на химната на Република Македонија.
„Преку интонација на химната на Македонија кај дечињата уште од најмали ја градиме почитта и љубовта кон својата татковина. Сметам дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Република Македонија како репрезенти и симболи на државноста на нашата мила Македонија“, напиша Стефковски на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Наставниците од Кисела Вода на подготвителни обуки за европски проекти
Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при општина Кисела Вода, денес се одржа обука за наставници од основните училишта на територија на општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти.

Обуката е дел од континуираните активности на општината, насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање современи услови за работа во училиштата, извести Општината.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека вложувањето во обуки за подготовка за европски проекти претставува значајна инвестиција во иднината на образованието.

– Со јакнење на знаењата и компетенциите на наставниците, создаваме основа за поквалитетна, иновативна и современа настава. Овие обуки им овозможуваат на училиштата да се развиваат, да разменуваат искуства и да бидат дел од пошироките европски образовни процеси, што на долг рок носи придобивки и за наставниците и за учениците, нагласи градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.


Македонија
Одбележување на Водици 2026 во општина Илинден
По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден.
„За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2026 (понеделник), во 12:00 часот, заедно да го одбележиме овој голем христијански празник.
Сите заинтересирани учесници, кои сакаат да бидат дел од фаќањето на крстот можат да се пријават во црквата Св. „Константин и Елена“ во населба Илинден.
За најсреќниот учесник кој ќе го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци“, се вели во соопштението на општина Илинден.
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

