Скопје
Студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација на пракса во сензорниот центар во градинката „Пампурче“ во Ѓорче Петров
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, заедно со професорите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација во рамките на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливера Рашиќ-Цаневска и проф. д-р Горан Ајдински, денеска го посети првиот центар во Република Македонија за сензорна интеграција и психомоторна реедукација, кој неодамна беше изграден во градинката „Пампурче“ во Ѓорче Петров.
Центарот е со три простории, секоја просторија има поинаква намена, односно сетилна соба, психомоторен кабинет и сензорна интеграција, со вкупно 60 елементи за изведување ваков тип настава.

Со овој центар значително ќе им се помогне на децата за полесно интегрирање во основното оразование.
„Продуктивна посета, проследена со размена на меѓусебни искуства и идеи за подобрување на условите во предучилишна, но и училишна возраст за дечињата со атипичен развој и попреченост. Задоволство ми е што професорите од Институтот ни излегоа во пресрет во однос на работата на сензорниот центар, односно што ќе ни помогнат при правилно користење на елементите кај децата и сето тоа преку нивни студенти, кои ќе го посетуваат центарот на пракса. Тоа ќе биде од голема помош за нас како општина, но, пред сè, за наставниот кадар во градинката, кој секојдневно работи со деца со атипичен развој во ‘Пампурче’, но и во други образовни институции“, рече Стојкоски.

Ова, како што додаде, е еден од предлозите за кои се разговараше.
„Се зборуваше и во насока на правилно интегрирање на децата и лицата со попреченост, генерално во образовниот систем, но и во секојдневието, со што што значително ќе им се олесни на родителите, воспитувачите, наставниците и стручниот кадар“, истакна Стојкоски.

Поради сè поголем број дечиња со попреченост во градинките, помошните простории, кои претходно се користеле како помали простории за деца со попреченост во градинката „Пампурче“, се пренаменети и искористени за изградба на нов центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

