Скопје
Трајановски: Успешно се справивме со првиот снежен бран
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во четврток го посети пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода, каде е лоциран и пункт на зимската служба на Град Скопје.
Екипите на зимската служба на Град Скопје се на терен и од почетокот на снежните врнежи беа фрлени 165 тони сол на градските булевари и улици.
„Градот Скопје е подготвен за одржување на градските улици и булевари на подрачјето на Скопје, во зимски услови. Екипите се на терен од почетокот на снежните врнежи и со 24 возила се работи на расчистување на булеварите и улиците коишто се во надлежност на Градот. Сметам дека успешно се справивме со првиот бран на врнежите на снегот и сите булевари и улици коишто се во наша надлежност се расчистени и проодни. Покрај коловозот, активно се работи на расчистување на тротоарите и јавните површини, каде на терен работат 116 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“ и 70 работници од ЈП „Паркови и зеленила“. Дополнително, на терен работат и 70 работници од ЈП „Водовод и канализација“ кои работат на чистење на сливниците“, рече градоначалникот Трајановски.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
„Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти“, порачуваат од град Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

