Контакт

Скопје

Улицата “Наум Наумовски – Борче“ доби нов асфалт

Објавено пред

Општина Центар ја асфалтираше улицата “Наум Наумовски – Борче“, на делот од кружниот тек во Дебар Маало до булеварот “Илинден“, со вкупна површина од 1.087 м2.

dobivaj vesti na viber

За да се добие квалитет во реконструкцијата, макадамот е целосно изваден на длабочина од 40-на сантиметри и поставени се по два слоја тампон и асфалт.

Подобрено е одведувањето на атмосферските води, преку вградување на нови сливници.
Претходно беше реконструиран делот на улицата на потегот од булеварот “Партизански Одреди“ до улицата “Ленинова”.

„Во изминатите четири години, во Дебар Маало се реконструирани 15 улици во вкупна должина од околу 4.000 метри. На дел од нив, освен нов коловоз и тротоари , според потребите, изведена е комплетна инфраструктура, како нов водовод, фекална и атмосферска канализација. Следна улица за реконструкција во Дебар Маало е „Коле Неделковски““, информираат од Општина Центар. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Герасимовски: Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

Објавено пред

Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба.

dobivaj vesti na viber

Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство.

„Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче што се наоѓа на уред во форма на алка. Станува збор за технологија која спасува животи и го подобрува квалитетот на живот на повозрасната популација“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Јавниот повик важи од денот на објава до исполнување на капацитетите, при што корисниците ќе се избираат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Документите се доставуваат во Канцеларија на Итно копче, ул. Славе Георгиевски Шнајдер бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Објавено пред

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;

· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;

· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;

· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија7 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија7 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија9 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија9 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ9 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија10 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија11 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија12 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија12 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија12 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет14 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет14 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет14 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа14 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа15 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа15 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет15 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...