Скопје
(Фото) Покриен г** никој не го плука – Не п(р)остирајте ги вашите лични податоци
Оваа уметничка акција е посветена на борбата за заштита на личните податоци бидејќи секојдневно сѐ повеќе наши граѓани се жртви на злоупотреба на нивните лични податоци. Во полесните случаи ефектите од злоупотреба, односно кражбата на личните податоци, се сведуваат на пренатрупаност преку имејл, „Вибер“, СМС и слични пораки на електронските уреди, но во посериозните случаи граѓаните, за жал, остануваат со празни банкарски сметки, исплаќаат разни претплати за кои никогаш не се согласиле, а во екстремни случаи, поради злоупотреба на нивните податоци, враќаат брзи кредити, велат од Центарот за современи уметности – Скопје.

„Идејата на акцијата ‘Не п(р)остирајте ги вашите лични податоци – Покриен г** никој не го плука’ е преку визуелно допадлив уметнички јазик, изразен во едноставна, но ефикасна урбана акција, претставена преку гигантски гаќи и пружени алишта со испечатени лични документи, да обрнеме внимание, особено повозрасните генерации, сериозно да ги сфатат заканите и проблемите што произлегуваат од недоволната и несоодветна заштита на личните податоци. Преку оваа акција, користејќи ги едноставниот народен јазик и острата мисла на народниот творец, раскажана во едноставната синтагма, сакаме да потсетиме дека еднакво како што ги криеме срамните делови на нашето тело, така треба да ги криеме и нашите лични податоци. На овој начин сакаме да влијаеме на јавноста и на граѓаните да ја развијат свеста и да ја разберат сериозноста на потребата за чување на сопствените лични податоци“, велат од Центарот за современи уметности – Скопје.

„Акцијата е наш придонес во одбележувањето на Европскиот ден за заштита на личните податоци – 28 Јануари. На овој начин ја одбележуваме годишнината од донесувањето на конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните податоци, првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на заштитата на личните податоците, што има цел да ја подигне свеста и да ги промовира добрите практики за заштита на приватноста и заштита на личните податоци. Овој датум се одбележува секоја година од сите земји членки на Советот на Европа, како и од институциите на ЕУ“, додаваат од Центарот за современи уметности – Скопје.

Акцијата e поставерна на улицата Македонија во близина на Спомен-куќата на Мајка Тереза.
Урбаната акција е дело на групата „Урбани уметнички акции – Урбана герила“ на Центарот за современи уметности.

Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.

