Скопје
Хуманитарен настан за поддршка на Лео
На почетокот на новата учебна година и враќањето на дечињата во училишните клупи, Општина Аеродром во соработка со Капитол мол, повторно го организира традиционалниот „Back to School“ настан. Настанот кој освен забавен ќе има и хуманитарен карактер ќе се одржи на 3-ти септември (недела), на платото пред трговскиот центар „Капитол“ со почеток од 18.00 часот.
– Оваа година подготвивме уште една хуманитарна и забавна манифестација. Низ богата забавна и музичка програма ќе уживаме во настапите на македонски и локални артисти. Забавата за сите ученици од Аеродром ќе биде отворена со настап на детскиот хор „Поточиња“, по што свои настапи ќе имаат популарните Некст Тајм, Огнен Здравковски, Таско, Пајак, Лара Иванова, Теа Трајковска и други артисти, велат од општина Аеродром и додаваат дека ова е убав начин да се одбележи почетокот на новата школска година и да се поддржи лекувањето на Лео.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

