Скопје
Центар се грижи за возрасните“- 88 лица добиваат пакет професионална нега
Општина Центар во понеделник започнува со реализацијата на пилот проектот „Центар се грижи за возрасните“.
Со овој проект, 88 возрасно лица, жители на општината, ќе добиваат професионална нега во нивните домови, без да имаат потреба од институционално сместување.
Во тек е информирање на лицата кои се дел од проектот од страна на извршната канцеларија од “Хуманост“.
Почнувајќи од 3 април, секој корисник ќе добива нега три пати неделно, по два часа. За возрасните ќе се грижат 15 професионални негуватели, кои ги поседуваат потребните сертификати. Активностите ќе ги координира социјален работник, кој ќе подготвува досие за секој корисник, детална анамнеза и план за работа. На овој начин, секој корисник ќе добие индивидуализирана грижа според личните потреби.
Услугите кои ќе ги добиваат корисниците се:
– помош во извршување на секојдневните активности (пазарење, подготовка на храна, одржување на просторот, лична хигиена, кај изнемоштените стари лица ќе се врши и утринска и делумна тоалета)
– обезбедување на основна помош во мобилност, лесни масажи, физички вежби, раздвижување
– задачи од медицински аспект (носење на здравствени прегледи, контрола на крвниот притисок, набавка на лекови и водење на грижа за навремно земање на терапијата)
– психо-социјална поддршка (помош во исполнување на социјални, културни, забавни и други потреби, одржување на социјални контакти и соодветни активности во локалната заедница)
Досега беа поднесени вкупно 90 апликации, од кои кои 88 имаа целосна документација и ќе добијат решенија за нега во домашни услови. Доколку во престојниот период проектот успешно се реализира, тој ќе прерасне во редовна активност на општината.
„Општина Центар е првата општина која нуди ваква помош за своите повозрасни граѓани, и за доброто на нашите највозрасни, пожелно е и другите општини, по примерот на Центар да превземат мерки за развивање и субвенционирање на локални социјални сервиси“, се вели во соопштението. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Мирослав Крлежа бр.54, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

