Скопје
Шаренило од маски на „Априлијадата 2024“ во општина Илинден
Шаренило од маски го исполни комплексот на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден по повод Денот на шегата, 1 Април. Супер херои, самовили, пчелки, војници, пеперутки, принцези, со разни костими учениците од Илинден ја изразија својата бујна фантазија на дефиле под маски.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, ги разгледа маските што дефилираа во амфитеатарот и истакна дека сите се убави, а во Илинден владееше весела и позитивна атмосфера по повод Денот на шегата, со детска смеа, песнички, секако и многу интересни маски.

Први април е радосен ден за најмладите, кои смислуваат разни шеги и лаги, но најмногу им се радуваат на маските. Маскенбалот не само за децата, туку е предизвик и за наставниците, кои приготвуваат приредби со своите ученици.
Денот на шегата е интернационален празник и се слави секаде во светот и е популатен не само кај децата туку и кај возрасните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 22.12. до 28.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштуваат од ПОЦ.
Македонија
Делови од Илинден и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
(Фото) Втора вечер на новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





