Скопје
Шутаров: За да може да функционира ЈСП бараме да се прецизира износот на 2,5 милијарди литри нафта
Советниците на СДСМ со предлог решенија сакаат да помогнат за да се надминат проблемите во градот Скопје. Затоа излеговме со три конкретни мерки кои бараме преку Заклучоци да ги усвои Советот, рече советникот на СДСМ, Гордан Шутаров на вонредната седница на Советот на Град Скопје.
-Предлог на СДСМ за финансиска инекција од државата, со Закон, е соодветно решение и досега се практикувало. Пример е 2018 година кога владата ги финансираше општините за да ги покријат долговите и за да може општините да функционираат. Со негова измена и дополнувања по скратена постапка, рече Шутаров.
Коректна е одлуката на Владата да доделу субвенции, тоа беше предлог и на СДСМ, но тука се јавуваат отворени прашања и нема наведно колкав износ.
-Затоа СДСМ бара заклучок, да го наведеме износот, од 2,5 милиони литри којшто би биле доволни за ЈСП да јз извршува функцијата до крајот на годината, кога веќе треба да стапи на сила и буџетот за следната година. Затоа бараме и за оваа ставка поддршка, рече советникот на СДСМ, Гордан Шутаров.
-Граѓаните со право реагираат со коментари од типот „леле што му се случува на Скопје“. Од тоа што го гледаат во Скопје како хаос и катаклизма, од тоа што го дозволивте како мнозинство во советот. Најреалниот одговор е дека Скопје не постои моментално само заради политика и инает. Скопје е блокиран Град, заглавен, нечист, без јавен превоз. Тоа е Скопје во 21 век, во којшто ништо не функционира освен политиката, рече Шутаров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

