Скопје
Ѓорѓиевски го посети новиот плоштад „Независност“ во Пинтија
Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети неодамна изградениот плоштад во Пинтија „Независност“, каде вчера вечер дечињата од оваа населба имаа забава на отворено.

default
Придружувани од своите родители, баби и дедовци, сите си најдоа забава за себе. Дел играа на музика на новиот сквер, дел на новото игралиште. Повозрасните ја искористија убавата вечер за маалски разговор на новите клупи. Инаку, плоштадот “Независност” се изгради на некогашната дива депонија во Пинтија, велат од општина Кисела Вода.

„Ова е остварување на една наша заедничка идеја, на една визија со која успеавме да создадеме нов простор за одмор и дружење, место на кое ќе создаваме нови, убави спомени. На оваа локација до пред неколку месеци постоеше дива депонија која освен што го нагрдуваше ликот на Пинтија, претставуваше и црна еколошка точка. Денес, истото место кое го носи името “Независност”, е претворено во еден прекрасен сквер, опкружен со зеленило и дрвца, со пешачки патеки и со урбана опрема, со ново детско игралиште, што значи дека буквално секоја генерација ќе може да си најде содржина за себе. Сега, сите наши жители имаат место каде можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

