Контакт

Скопје

Јаневски: До сега дадовме 12 милиони евра помош за ЈСП, а претпријатието и понатаму нема пари за плата на вработените, каде одат парите?

Објавено пред

Она што се случува во претпријатието изминативе две години е целосно крахирање на системот и функционалноста на претпријатието. За ваквата состојба никако не може да се обвини Советот на Град Скопје бидејќи ние сме локална законодавна власт во градот. Извршната власт во градот се градоначалникот и директорот на ЈСП, односно менаџментот на ЈСП, вели советникот во Советот на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски, на денешната вонредна седница.

dobivaj vesti na viber

Јаневски посочи дека во извештаите има ставки за договорни услуги од 200.000 евра, за нематеријални трошоци од 350.000 евра, потенцирајќи дека нејасно е каде се потрошени тие пари.

„Ние како локална законодавна власт вршиме контрола врз извршната власт. Затоа, вие кога нам ни велите – не можеме за извештајот да поставуваме прашања, тоа е нелогично бидејќи ние сме тука да дискутираме за извештаите на сите претпријатија и да поставуваме прашања за нејасностите и нелогичностите што ги има во тие извештаи. Велите дека истата форма била на извештаите со децении. Но, тоа не е точно. Првиот квартален извештај има една форма, вториот квартален извештај има друга форма. Таму имате ставки, кои велат 12 милиони денари договорни услуги, кои се тие договорни услуги од 200.000 евра. Што се договарате толку за 200.000 евра? Пишува други нематеријални трошоци 21 милион денари или 350.000 евра. Кои се тие други нематеријални трошоци од 350.000 евра? Тоа се тие прашања за кои ние бараме одговори бидејќи е нејасно каде се потрошени тие пари“, истакна тој.

Јаневски потсети дека советниците до сега за ЈСП изгласале помош од 12 милиони евра укажувајќи дека на седницата на 14 ноември директорот велел дека тие 2 милиона евра што ги изгласале во Советот ќе бидат доволни за исплата на ноемвриската и декемвриската плата.

„Што се однесува за грижата за вработените во ЈСП, да ве потсетам, ние на 14 ноември имавме деветта вонредна седница, на која изгласавме дополнителни 2 милионжа евра за субвенции за ЈСП, на што директорот ни кажа дека тие ќе бидат за декемвриските плати. Првично дадовме 10 милиони евра, па дадов 2 милиона евра и ни беше ветувано дека со тие пари целосно ќе се покрие годината и ќе се заврши. А сега ни кажувате дека декемвриската плата не ја зеле. И сега се поставува прашањето како успеавте да го доведете претпријатието до ова дереџе“, праша Јаневски.

Тој нагласи дека во време на Коце Трајановски субвенциите за ЈСП биле 150 милиони денари, а сега со Данела Арсовска субвенциите се 750 милиони евра, или 600 милиони денари повеќе.

„Кога Коце Трајановски бил градоначалник, 150 милиони денари биле субвенциите, а сега се 750 милиони денари повеќе. Тоа се 600 милиони денари, односно 10 милиони евра повеќе. Па ние во 2022 година изгласавме субвенции од 525 милиони денари, а ЈСП ја заврши годината со загуба од 384 милиони. Па тоа е дупка од над 900 милиони денари“, дециден е Јаневски.

Тој му порача на директорот на ЈСП дека додека неговите вработени протестираат, тој го користи службеното возило платено токму со нивни пари.

„Вашите вработени, директоре, немаат плата да земат, а вие се возите со службен автомобил, платен со нивни пари. Ако веќе се грижевте, ќе дојдевте со нас да разговараме за сите нејасност за да ги објасните“, му порача Јаневски на директорот на ЈСП.

Јаневски вели дека Советот упорно одобрува пари за ова претпријатие, а упорно и упорно не ни се даваат одговори каде се трошат парите.

„Значи, ние упорно и упорно истураме пари во ова претпријатие, а упорно и упорно не ни се даваат одговори каде се трошат парите. Минатата година беа дадени рекордни 740 милиони денари, 12,5 милиони евра на ова претпријатие, а сега допрва ќе видиме со колкава загуба ќе ја заврши 2023 година кога ќе стигнат извештаите. Знаете ли кој е концептот на субвенции. Помош при тешкотии во работењето. Ние гласаме тешкотии на работењето за 2024 година, а годината уште не е почната. Знаете што значи ова? ЈСП не може ниту плати да им исплати на своите вработени, без од Градот да има над 10 милиони евра секоја година, тоа е 10 проценти од буџетот на Градот. Тоа се помалку пари за булевари, водовод, улици“, заклучи Јаневски.

Тој порача дека нема да ја поддржат точката за дополнително давање помош на ЈСП додавајќи дека вработените во ЈСП треба да се обратат до нивниот директор бидејќи тој не им обезбедил плата.

„Ние нема да поддржиме ваква точка, не за вработените да не земаат плата, туку тие треба со својот проблем да отидат кај директорот на ЈСП. Тој не им овозможил плата, тој им е директор“, порача Јаневски.

Македонија

Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Карпош денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставување камен темелник на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

„Би сакал да изразам задоволство што овој објект добива своја физиономија, беше заглавена процедурата, беше заглавена изградбата и проектот самиот по себе, но еве гледате за колку кратко време можеби недела до две веќе почнува да се извишува и тоа е добро, затоа што е дел од образовниот процес, добро е што жителите на овој дел од градот ќе можат да ја користат оваа спортска сала, но она коешто е најважно, учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ ќе може да добијат современ спортски објект каде што ќе може да се натпреваруваат во кошарка, во ракомет и во други спортови. Геометријата на самиот проект одговара на барањата и потребите на врвните федерации, така што тоа е посебно треба да се истакне за овој проект“, кажа Мицкоски.

„Јас му честитам на градоначалникот за успешно завршените подготвителни активност, сега останува на компанијата изведувач. Да се заблагодарам на администрацијата, на советниците, на пратеникот од Карпош којшто работат секојдневно за да овие проекти коишто дел од нив се во некоја полу форма добијат физиономија, добијат форма и во рокот да бидат завршени. Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти затоа што иднината е во најмладите иднината е во децата, образованието на децата ни е најважно и така ќе се однесуваме во годините коишто следат. Уште еднаш честитам и посакувам уште многу вакви проекти да се реализираат“, додаде премиерот.

Изградбата на објектот започна во средината на јануари годинава, а градежните активности се очекува да завршат до мај. Изведувач на проектот е компанијата „Конструктор“, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 63.843.523 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 час

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет2 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет2 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа3 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион12 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија13 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет15 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија18 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија21 час

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија21 час

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија22 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија23 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...