Скопје
Ќе се маршира низ улиците – се одржува „Скопје прајд“
Во Скопје денеска се одржува „Скопје прајд“, под мототото „Гласни и горди“. Манифестацијата започнува во 17:00 часот со собирање на учесниците во паркот Жена- борец. Собирањето ќе трае до 19:00 часот.
„По обраќањата на активст(к)и и претставници на заедницата, следува маршот низ скопските улици којшто ќе биде придружен со DJ сетови“, најавуваат организаторите кои посочуваат дека ќе маршираат се до 21 часот.
Тие посочуваат дека „Скопје Прајд 2023“ ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од регионот и земјата и DJ сетови.
„Културно-забавната програма ќе се одржи на Стадиниот на АРМ и ќе започне од 20:30, а ќе трае до 01:00“, додаваат организаторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

