Скопје
130 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територијаta на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за користење мобилен телефон при возење…“, соопшти МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски на утрински појадок со жените пензионерки од општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот.
Со внимание ги слушнавме нивните забелешки, предлози и идеи, кои се од големо значење за креирање на политики што ќе ја унапредат благосостојбата на пензионерите, известуваат од Општината.
„Пензионерите се темелот на нашето општество. Од нив учиме, за нив се грижиме и со нив градиме подобра Општина Центар”, истакна Герасимовски.
„Грижата за повозрасните сограѓани останува наш приоритет – затоа што почитта кон нив е темел на здраво општество“, велат од Општината.
Македонија
Без струја дел од општина Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата 2 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.