Скопје
1735 пензионери ќе добијат по 2.500 денари пред празниците, кажа Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека е завршен јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. На овој повик, 1735 пензионери аплицираа за еднократна финансиска поддршка од Општината која ќе биде исплатена до крајот на годината.
Герасимовски потенцира дека аплицирањето на 1735 пензионери за еднократна парична помош од 2.500 денари е важен чекор кон обезбедување на поддршка за време на новогодишните празници.
„Во период на новогодишни празници кога целото семејство заеднички прославува, овие денови можат да бидат и дополнителен финансиски притисок за пензионерите. Затоа, наша задача е да им го олесниме секојдневието. Интересот за јавниот повик беше навистина голем, верувам дека овие средства ќе им помогнат за празничниот семеен буџет“, вели Герасимовски.
Општина Центар продолжува да имплементира проекти преку кои ќе ја зајакнува локалната заедница, но и ќе го подобрува квалитетот на живот на сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari