Контакт

Скопје

79 години слободно Скопје: Промовирана „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова

Објавено пред

Прва ваква книга за Скопје и скопјани

dobivaj vesti na viber

Оваа година, Скопје не можеше да добие нешто поубаво од своја книжевна мапа и не можеше да добие поубаво одбележување од промоција на книгата „Книжевна мапа на Скопје“ на Моника Илкова. И тоа на 13 Ноември, кога се навршуваат 79 години од денот кога слободата почна да чекори по неговите улички и сокачиња, кога слободата почна да пее заедно со скопската калдрма, со неговиот и наш Камен мост, со плоштадот. И точно во годината кога броиме 60 години откога Скопје на своите кревки плеќи ги понесе сите последици од катастрофалниот земјотрес.

Ова беше истакнато на промоцијата на книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова, со која денес, напладне, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одбележаа 79 години од ослободувањето на главниот град. Промоторка на книгата беше универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, минатогодишна добитничка на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

– Интересен е концептот низ кој се гради „Книжевната мапа на Скопје“. Тој се отвора со цитат од песната „Зборувај за Скопје“ испеана од Нина Спирова во далечната 1965 година (малку време по страшниот земјотрес) со што започнува и ова патување, трагање по феноменот Скопје како инспирација, како приказна, како лик. И Илкова патува, се вози, трага сè до оној последен дел кој се затвора повторно со песна, но овој пат со познатата „Градот убав пак ќе никне“, песна со која се отвора секоја година фестивалот „Златно славејче“. Инаку, целата книга се гради врз принципот на едно постојано (на)враќање на Скопје, и лично (физичко) и во/преку книжевноста. Затоа оваа книга на Моника Илкова може нам/вам како читатели да се обиде да ни даде (можни) одговори на прашањата од типот: Дали може секој од нас да го портретира своето/нашето Скопје како книжевен лик? Момче ли е, девојче ли, бесен ли или мирен „човек“? Ги сака ли своите граѓани? Го сакаат ли граѓаните? Или само го обожуваат авторите? Го кудат или величат?, нагласи Мојсова-Чепишевска.

Како што посочи таа во промотивната реч, преку обидот да се истражи односот кон градот што го имаат различни автори, книгата на Илкова опфаќа книжевни остварувања кои зборуваат за Скопје пред и Скопје по земјотресот, односно, за старото и новото Скопје, но и остварувања од најновата книжевна сцена во кои постои еден друг рез помеѓу старото и новото. Во најновите книжевни остварувања повторно, но во една поинаква форма, се појавува онаа носталгично-сентиментална нота за градот кој веќе го нема, но овојпат „изгубен“ од стихија поразлична од онаа природната во 1963. Така тие се јавуваат како критика, како бунт и протест кон она што е градот денес и на тој начин зборуваат за „улиците што ги нема“, за „градот што веќе не е мој“, за „Скопје и сè е можно“, за „украдениот град“. Оттаму оваа литература со носталгичен тон, речиси се претвора и во ангажирана, како што истакна Мојсова-Чепишевска.

На промоцијата беше посочено дека исцртувајќи ја и испишувајќи ја книжевната мапа на Скопје, Моника Илкова неизбежно го поставува и она прашање на и во литературата, кое гласи: „Каде престанува стварното, а каде започнува измисленото?“ или „Каде престанува вистинскиот, а каде започнува измислениот град?“. Но и нуди одговори!

– Моника Илкова едноставно ги открива и систематизира старите и новите сознанија за односот кон градот во македонската книжевност, го „прочитува“ Скопје од гледна точка на урбофилна или фланеристичка книжевност и прави суптилна споредба на концептот на градот и односот кон него кај автори од различни генерации. Притоа и ја истражува новата книжевна сцена во која односот кон градот е една од главните опсесии и ја детектира пораката што ја даваат најновите книжевни остварувања преку ангажираниот тон во нив, одделно нагласи промоторката Мојсова-Чепишевска.

Во Библиотеката одекна и пораката од книгата дека Скопје во секој период од своето постоење бил најубав град, само тоа, скоро секогаш, барем во книжевноста, отпосле му е признато. Ама и дека книжевната визија на Скопје не е идентична со географската мапа на градот. Токму затоа, оваа книга се обиде да ја исцрта и испише неговата книжевна мапа.

– Кога Моника Илкова вели: „… доаѓаат нови генерации автори урбофили“, секако, сака да ни каже и нешто друго. Дека онаму каде што таа ставила точка, таму таа ни поставила слатка стапица. Зашто зад таа нејзина точка се кријат всушност три точки, зашто и самата кажува: „Ќе има уште многу да се зборува/пишува за Скопје“. Зашто оваа нејзина книга очигледно ќе поттикне и некои други истражувачи. Зашто приказната за книжевното Скопје не завршила и зашто некои други ќе ја допишуваат и исцртуваат. Можеби оние неспоменатите во оваа книга или оние кои продолжија да пишуваат и да го чекаат своето место и да добијат своја улица во книжевната мапа на Скопје, нагласи Весна Мојсова-Чепишевска во завршницата на промотивната реч.

Пред големиот број присутни, меѓу кои и повеќе автори од современата македонска книжевност се обрати и авторката на „Книжевна мапа на Скопје“, Моника Илкова.

– Навистина сум среќна што мојот магистерски труд, што кога ќе порасне сакаше да биде книга, ја исполни својата желба. Мислам дека не бев возбудена сѐ додека не ја зедов книгата в раце, кога сфатив дека држам опредметен еден долг период на пишување, истражување и патување низ книжевната мапа на Скопје. Особено ме радува тоа што за книгата се заинтересираа и луѓе што не се занимаваат сокнижевност, а ме направи горда тоа што книгата веќе успеа да натера неколкумина да ги читаат делата и авторите за кои пишувам. Се надевам дека „Книжевна мапа на Скопје“ ќе биде убаво патување за сите што ќе ја имаат в раце. Неизмерно сум благодарна на моите рецензенти, Весна Мојсова- Чепишевска и Иван Антоновски за посветеноста и поддршката низ целиот процес на издавањето на книгата, со што помогнаа мојата „Книжевна мапа на Скопје“ да не остане само помеѓу зелените дебели корици на магистерскиот труд и да добие поголем број „шетачи” низ неа, истакна авторката.

Извадоци од „Книжевна мапа на Скопје“ читаше актерот Андреј Серафимовски, а од името на издавачот на книгата – Центарот за култура и културолошки студии, притусните ги поздрави Лорета Георгиевска-Јаковлева. Свое кусо обраќање имаше и уредникот на книгата, Иван Антоновски.

Ова е прва ваква книга за Скопје, а преку неа, картографи на неговата книжевна мала, со своите дела се и: Славко Јаневски, Димитар Солев, Влада Урошевиќ, Гане Тодоровски, Данило Коцевски, Томислав Османли, Александар Прокопиев, Јадранка Владова, Јовица Ивановски, Оливера Ќорвезироска, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Владимир Јанковски, Жарко Кујунџиски, Петар Андоновски, Ана Голејшка Џикова и Иван Шопов.

По завршување на промоцијата, скопјани од сите генерации разговараа со Илкова и со промоторката, Мојсова-Чепишевска, по што ги добија и посветите на дел од тиражот на книгата.

„Книжевна мапа на Скопје“ е достапна во повеќе книжарници во градот, а од нејзиното објавување пред неколку дена наваму, интересот на читателите е голем.

Скопје

​Ѓорѓиевски на излет на Пеленица со децата со церебрална парализа

Објавено пред

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес на излет во Пеленица се дружеше со децата со церебрална парализа. Како што истакна, овие излети станаа традиција која со радост ја продолжуваат веќе неколку години и секој пат одново потсетуваат на важноста заедничките заложби за создавање на подобро општество за сите.

dobivaj vesti na viber

„На мое големо задoволство, денеска повторно се дружев со децата со церебрална парализа, на нашиот, веќе традиционален излет во Пеленица. Овие дружби се значајни за сите нас, бидејќи се прекрасна можност за сите нас да се поврземе, да се поддржиме и да создадеме моменти на радост и заедништво. Како човек и како градоначалник на Општина Кисела Вода, секогаш се залагам за подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа. Мојата заложба е да работиме сите заедно кон подобрување на нивните права и можности за што понезависен, посамостоен и целосно интегриран живот во нашето општество. Една од моите бројни активности во оваа сфера е отворањето на клубот за лицата со церебрална парализа во Расадник, кој го финансирам лично заедно со лицата од мојот кабинет. Овој клуб е место каде децата се дружат и социјализираат, каде создаваат нови пријателства и уживаат во различни активности. Често сум гостин во клубот и можам да видам колку е значајно за нив да имаат вакво место каде се чувствуваат прифатено и поддржано. Лицата со церебрална парализа не смеат да бидат маргинализирани. Тие се дел од нашата заедница и заслужуваат поддршка и разбирање. Со ваквите дружења и настани, се надевам дека им го разубавуваме секојдневието и им покажуваме дека не се сами во своите предизвици“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Скопје

Основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар доби нова сензорна соба и кабинет за информатика

Објавено пред

Инвестициите во образованието се еден од најважните столбови во градењето на иднината на заедницата. Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска официјално ги пуштија во употреба новата сензорна соба и кабинетот за информатика наменет за учениците од основното училиште „Александар Македонски“.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна потенцираше дека станува збор за инвестиција која е донација од општествено-одговорни компании, со чија поддршка образовниот процес станува достапен за дечињата со попреченост, а компјутерската технологија поблиска до учениците.

Тој упати благодарност до приватните компании, просветните работници и сите оние кои даваат свој придонес за инклузивно, модерно и квалитетно образование во Аеродром.

Прикажи повеќе...

Скопје

Модернизација на водоводната мрежа во општина Илинден

Објавено пред

Локалната самоуправа и ЈКП „Водовод“ – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализациската мрежа на територијата на општина Илинден со цел задоволување на потребите на корисниците.

dobivaj vesti na viber

Со цел поквалитетни услуги, побезбедна и поздрава вода за пиење на граѓаните, како и здолемување на капацитетот на водоснабдувањето, деновиве се работи на обнова и модернизација на главната водоводна мрежа на улицата 9 во населбата Илинден и на улицата 532 во Марино, односно на потегот од Халк банка до „Црна Река петрол“, во должина од 600 метри, извести Општина Илинден.

Увид во градежните работи направија градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, и директорот на ЈКП ,,Водовод“ – Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека модернизацијата опфаќа замена на старите ПВЦ-цевки со нови полиетиленски поради честите дефекти и загуби на вода на овој дел од водоводната мрежа.

Обезбедувањето квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што Општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод“ и во наредниот период ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем, се додава во соопштението на Општина Илинден.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев

Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во...

Македонија9 часа

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“ во мрак, луѓето со блиц од мобилен минуваат на пешачки (ВИДЕО)

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж...

Македонија11 часа

Детали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)

Четирите лица, меѓу кои и седумгодишно дете се лоцирани и најдени, соопштија утрово од ЦУК. Ноќната спасувачка акција не била...

Македонија13 часа

Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња

Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35...

Македонија1 ден

Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес

Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно...

Македонија1 ден

Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките...

Топ1 ден

При контрола на угостителски објекти за дрога се приведени девет лица

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе...

Регион1 ден

Ден посветен на Данка Илиќ: Центарот за исчезнати и малтретирани деца празникот го посвети на девојчето од Бор

Центарот за исчезнати и малтретирани деца денеска, Меѓународниот ден на исчезнатите деца, го посвети на двегодишната Данка Илиќ од Бор,...

Македонија1 ден

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир (ВИДЕО)

Граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот имаат потреби кои беа упатени до Центарот за убправување со кризи (ЦУК), а кои...

Македонија2 дена

Поради реконструкција, без вода жителите на Водно, Козле, Клиничкиот центар, а во Сарај ќе има намалување на притисокот на водоснабдување

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за пуштање на употреба на нова водоводна мрежа во реоните Сарај и Центар. ЈП...

Македонија2 дена

Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова со италијанскиот претседател Матарела: побарани гаранции за европските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. На...

Свет2 дена

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека мировните преговори во Украина мора да се обноват, но дека Москва ќе соработува...

Свет2 дена

Судот во Хаг му нареди на Израел да ја прекине офанзивата на Рафах

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска одлучи дека Израел мора веднаш да ја прекине воената офанзива и другите дејствија во...

Македонија2 дена

Ахмети: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите, во духот на меѓусебното почитување

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објава на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа...

Македонија2 дена

Мицкоски: За скоро време ќе имаме нова влада, следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот...

Македонија2 дена

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади, денес ги има повеќе од било кога

Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да...

Топ2 дена

Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор...

Европа2 дена

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Од...