Скопје
8.000 денари за секое новороденче во општина Аеродром
Општина Аеродром и годинава доделува еднократна парична помош за новороденчиња во висина од 8 000 денари.
Барање за парична помош можат да поднесат семејствата со новороденче родено во 2025 година на подрачјето на Општина Аеродром.
Потребни документи за аплицирање:
1. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето) или
2. за посвоено дете: фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето) и фотокопија од примерок од Решение за посвојување/адoпција
3. На увид важечка лична карта или патна исправа од барателот.
5. Барање за доделување еднократна парична помош и Изјава за согласност за обработка на лични податоци можат да се подигнат во Општина Аеродром или да се симнат од веб-страницата на Општината на следниот линк

Барањето може да се поднесе во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден во периодот од 08:00 до 16:00 часот, а рокот за поднесување трае до 31. март 2026 година.
„Исто така, ве потсетуваме дека рокот за поднесување барање за еднократна парична помош за новороденче родено во 2024 година истекува на 31. март 2025 година. Со помошта од 8 000 денари за секое новороденче Општина Аеродром има цел да им ги олесни трошоците на родителите, а грижата за најмладите останува еден од нашите врвни приоритети“, велат од општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





